Речиси половина од тестираните денеска позитивни на Ковид-19

Речиси половина од тестираните на коронавирусот во денешната статистика на Министерството за здравство се позитивни на ковид-19. Во последните 24 часа направени се 1325 тестирања, а позитивни се 565. 42,6 отсто од тестираните се позитивни на ковид.

Според информациите од Министерството за здравство, најголем дел од заразените се во Скопје, 230.

Во останатите градови сликата е следна –  Куманово-35, Штип-13, Прилеп-65, Тетово-39, Струга-1, Велес-27, Битола-15, Охрид-3, Кавадарци-10, Гостивар-27, Гевгелија-13, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-15, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-6, Свети Николе-4, Кичево-3, Ресен-1, Неготино-9.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *