Ресторан „Шизик“ подели 600 маски за локалните институции во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 01.04.2020 година – Продолжуваат хуманитарните активности на каменичките општествено одговорни компании.

По обезбедените прехрамбени продукти за потребите на локалната самоуправа, кои ќе бидат поделени на социјално ранливите категории граѓани, Ресторан „Шизик“ продолжува со хуманитарните активности во насока на обезбедување на заштитни медицински маски за јавните локални установи директно вклучени во борбата против коронавирусот.

Ресторан „Шизик“ за потребите на Полицијата, Итната медицинска станица, Територијалната противпожарна единица, Шумската полиција и ЈП „Камена Река“ првично обезбеди 600 заштитни медицински маски.

Ова претставува одличен пример за општествена одговорна компанија која во овие тешки моменти, по повикот за солидарност и одговорност од општина Македонска Каменица преку хумнитарни активности влезе во борбата со невидливиот непријател Ковид 19. Целта на акцијата е заштита на сите вработени од надлежните институции кои се први на удар на заразата, но и на сите социјално ранливи категории на граѓани во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *