Реновирана и опремена Спортската сала во СОУ “Миле Јаневски Џингар”

Средното општинско училиште во Македонска Каменица “Миле Јаневски Џингар” продолжува да ги подобрува условите за поквалитетна настава.

Преку реализираните проекти во соработка помеѓу училиштето, Општината и општествено одговорната компанија од нашиот град Рудникот САСА, покрај квалитетниот спортски и образовен развој на своите ученици им обезбеди и современа кабинетска настава за рударските смерови во училиштето. Исто така, вредни за спомнување се и големиот број на поволности и стипендии кои Рудник САСА им ги овозможува на заинтересираните ученици и студенти за изучување на рударските науки. За потребите на училиштето и Пингпонгарскиот клуб “САСА” од страна на Рудник САСА е набавена опрема за тренажните процеси и . на играчи напевенствените натпреварувања.

Минатата година ова училиште доби ново модерно повеќенаменско школско игралиште со спуртон подлога и стандардизирана ФИБА опрема.

Насликите може да се види реновираната мала спортска сала која е прилагодена за ПИНГ-ПОНГ единствена во градот и регионот според квалитетот на опремата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.