Реновираната спортска сала во Македонска Каменица доби нови семафори и табли за кошарка

Македонска Каменица, 08.02.2021 година –

Заменети се старите, со нови ФИБА табли за кошарка, во спортската сала во ООУ “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица

Како што објави Градоначалничката Соња Стаменкова на официјалниот профил на социјалните мрежи, “Поставувањето на новите табли, новите семафори и сигнални табли, се последната фаза од целосното реновирање на спортската сала во Македонска Каменица.
Изминатата година, општина Македонска Каменица, за првпат после 35 години инвестираше во овој училиштен и градски спортски храм, каде целосно е заменета уништената теренска подлога со нов и модерен паркетен под” – стои во продолжение од соопштението за јавност.

“Поставена е нова енергетски ефикасна надворешната столарија.
Целосно е преуреден и трибинскиот дел, каде покрај бојадусувањето на трибините, скалите и внатрешните ѕидови, поставени се нови столчиња за удобно следење на натпревари во спортската сала” – дополнува Стаменкова, која додава дека “Општина Македонска Каменица продолжува со овозможување на сите потребни услови за одигрување на секакви натпревари во сала од највисок национален и меѓународен ранг”, односно “Локална самоуправа општина Македонска Каменица останува посветена на постојаното подобрување на условите за одржување на училишната настава за физичко и здравствено образование”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *