Рената Наумовска учествуваше во проектот за развој на „Зелени вештини за еколошка младинска работа” во Софија, Република Бугарија

Македонска Каменица, 10.11.2021 година – Во периодот од 01- 05 Ноември 2021 година, Рената Наумовска ученик во IV година, при СОУ ” Миле Јаневски Џингар” Македонска Каменица, учествуваше на Тренинг курс за развој на зелени вештини во Софија, Република Бугарија.


Партиципацијата во Тренинг курсот обезбедува “Развивање на „зелени“ вештини за подобрена младинска работа преку промовирање еколошко, одржливо и одговорно однесување”, – стои во соопштението од училиштето, од каде дополнуваат дека, “учесниците се обучуваат да употребуваат еколошки пректики за намалување и компензирање на „еколошките отпечатоци“.

Рената Наумовска преку учеството во повеќе здруженија и форуми за млади, се истакнува во искуството и работата на младинското организирање. Искуството од тренингот, дел на проектот „Зелени вештини за еколошка младинска работа – курс за обука за млади работници“, реализиран преку Еразмус + Програмата, преку трибини за ученици и млади, ќе го пренесе кај младите и учениците во СОУ “Миле Јаневски Џингар”.

РЦЗ во проектот „Зелени вештини за еколошка младинска работа – курс за обука за млади работници“ е партнер заедно со уште 14 земји од Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *