Регион: До крајот на годината Виница ќе добие супер модерна спортска сала

До крајот на оваа година, часовите по физичко образование и училишните спортови, виничките ученици ќе ги реализираат во нова спортска сала.

Започна изградбата на модерен спортски објект, во училиштето „Славчо Стојменски“, кое е едно од првите во државата и најстаро во општината :

  • Проектот е од страна на Министерството за образование и наука, но финансиски ќе биде вклучена и општина Виница. Вредноста на проектот е околу 25 милиони денари, изјави Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

Градежните активности на терен се веќе започнати. Изведувач на работите е компанијата „Гранит“, а подизведувачи се локални фирми :

  • Со оглед на местоположбата која ја има ова училиште, оваа спортска сала ќе биде без трибини. Меѓутоа, во неа ќе може да се одвиваат сите спортови, дополни Димитров.

Досега, часовите по физичко образование и училишните спортови, учениците ги реализираа во импровизирана спортска сала, но и покрај ова, тие постигнувале одлични резултати :

  • Учениците од нашето училиште се истакнати во речиси сите спортови. Имаме и училишен спортски клуб во кошарка, а во спортската сала се иведуваат и гимнастика, карате и од двете спортски дисциплини имаме балкански прваци, изјави Горан Иванов, дир. на ОУ „Славчо Стојменски“ – Штип.

Инаку, во основното училиште „Славчо Стојменски“ учат 590 ученици и сите тие, второто полугодиие во годината ќе учат и спортуваат во пособри услови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *