Реализирани значајни проекти за уредување на повеќе јавни површини во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 09.06.2020 година – Општина Македонска Каменица на својот официјален фејсбук профил објави кратко соопштение за јавност и фотоалбум од реализирани проекти со Договорот за бетонски работи и партерно уреување на јавни површини во Македонска Каменица. Во соопштението за јавност се вели:

Во завршна фаза е спроведувањето на Договорот за бетонски работи и партерно уредување на површини во општина Македонска Каменица. Со реализацијата на овој Проект на граѓаните им овозможивме:

– Нов паркинг простор со вкупна површина од 180 метри квадратни, каде за граѓаните од улица Самоилова обезбедивме нови паркинг места.

 

 

– Изградба на пешачки патеки и скали, со што движењето на граѓаните од двата дела на градот е безбедно и олеснето и во вечерните часови.

 

 

– Изградба на две пристапни патеки со вкупна должина од 130 метри за подобар пристап на жителите до улица Церска.

 

 

– Започнавме со целосната замена на оштетените бетонските стази и просторите пред влезовите во станбените живеалишта од централното градско подрачје.

Општина Македонска Каменица за релизација на овој проект издвои 3.306.000,00 денари.

 

Во наредните денови, општина Македонска Каменица ќе започне со реализација на нов проект за бетонски работи и партерно уредување на површини со кој е предвидено доуредувањето на градскиот кеј на Каменичка Река и останати јавни површини, со што продолжуваме во подобрувањето на условите и потребите на граѓаните од урбаната заедница.

Линк до фото албумот објавен на официјалната фејсбук страна на општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *