Расте бројот на позитивни и хоспитализирани лица од Ковид 19 од Македонска Каменица

Македонска Каменица, 04.12.2020 година – Според последните објавени податоци на официјалната веб страна за дневните извештаи од Институтот за јавно здравје за Состојбата со COVID-19 во Македонија и светот за периодот 23-29.11.2020

(www.iph.mk), општина Македонска Каменица има 60 активни позитивни случаи на Ковид 19 и 68 лица кои ја прележале болеста.

Според издадените решенија од МВР за изолација на лица позитивни на Ковид 19 во Македонска Каменица имаме 39 активни случаи, од кои 10 се хоспитализирани. Бројот на лицата кои имаат добиено решенија за изолација поради близок контакт со позитивни лица изнесува 42.

Разликата во бројките, според Центарот за јавно здравје настанува од причина што прекинот на изолација кај излечените позитивни лица доцни и по неколку денови. Заклучно со вчерашниот број во Македонска Каменица, од почетокот на пандемијата со Ковид 19 има вкупно 145 позитивни случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *