Распишан тендер за изградба на улица Даме Груев

Покрај Огласот за изградба на локални и маалски пристапни патишта во селските средини, општина Македонска Каменица во рамки на усвоената Програма за развој на општината за 2019 година, распиша тендер за Изградба на улица Даме Груев. Со должина од 650 метри оваа улица е од огромно значење за жителите на приградската населба Стара Каменица, бидејќи ќе поврзува поголем број на индивидуални живеалишта од овој реон на градот со асфалтен пат.

Со ова се решава еден огромен проблем на жителите од оваа до сега неизградена улица и трајно се решава присапот до нивните домови. Општина Македонска Каменица преку изградбата на нова инфраструктурата и реконструирањето на постоечката и во нарениот период ќе продолжи со подобрувањето на квалитетот на живот на сите жители на општината.

Изградбата на улица Даме Груев ќе започне веднаш по потпишувањето на Договорот  за изградба, по завршувањето на огласот и изборот на најповолен понудувач.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *