Во земјотрес кој се случи рано утрово во Турција загинаа околу 300 луѓе, а над 2000 се повредени.
Разорниот земјотрес од 7,8 степени по Рихтер е регистриран во јужната погранична провинција Газиентеп кај гратчето Нурдаги.
Жртви од земјотресот има и во Сирија.
18 афтершокови се случиле на погоденото подрачје, а регистрирани се неколку земјотреси над 5 степени.
Спасувачките екипи се на терен, а првите снимки покажуваат разурнати згради од кои спасувачите извлекуваат повредени луѓе.