РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ И ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Алтернативните форми на туризам што вклучуваат посета на природа, планинарски спортови или екотуризам, на светско ниво стануваат се попопуларни. Големиот интерес за посета на заштитени подрачја како природни резервати, национални паркови и заштитени шуми, го потенцираат значењето на туризмот во заштитата на животната средина.

Квалитетот на средината, природна или урбана, влијае на туризмот. Сепак, односот помеѓу туризмот и животната средина е комплексен. Од една страна туризмот и средствата кои доаѓаат со него нуди можност за само одржливост на заштитените подрачја, а од друга страна туризмот и инфраструктурните потреби може негативно да влијаат врз животната средина. Главната опасност што ја нуди туризмот може да се дефинира како бавно уништување на ресурсите на кои екотуризмот е формиран.

Туризмот сепак може многу да придонесе кон заштита и промовирање на природните реткости. Екотуризмот може да се користи и како финансиска алатка, но и како алатка за едукација и промовирање на политики за заштита на животната средина.

Најголема придобивка од овие алтернативни форми на туризмот може да имаат малите заштитени подрачја. Тие, за разлика од националните паркови на пример имаат помалку опции и можности за одржување, финансирање и промоција. Преку креирање на научно потврдени туристички понуди, поставување на инфраструктура која нема да ја намали природноста на пределот и преку негово умерено користење, туризмот може да преставува клуч за зачувување на природните вредности.

Програмата за зачувување на природата веќе активно работи на промовирање на алтернативните форми на туризам во Брегалничкиот регион, а исто така ја помага работата на локалните угостители преку организирање на едукативни средби и работилници со цел да се подобри туристичката понуда на регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *