Работилница по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 02.12.2019 година – Во пресрет на 3 -ти декември, Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, денес во просториите на Дневниот центар во Македонска Каменица беше реализирана работилница под мотото ,,Погледни ме од срце”. Вработените и штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби во соработка со ученици од ООУ ,,Кирил и Методиј” под менторство на наставничката Маја Бошначка Величковска и директорката на училиштето Марина В. Стојановска, како и ученици од СОУ ,,Миле Јаневски – Џингар” под менторство на професорката Данче Донева изработија разни цртежи, колажи и модни креации од разновидни материјали.

Општина Македонска Каменица секоја година го одбележува овој Меѓународен ден на лица со посебни потреби со пригодна културно-уметничка програма, модни ревии, огранизирани тематски работилници. Лицата со посебни потреби секоја година, покрај силната финансиска поддршка која ја добиваат преку оделените средства на хуманитарните здруженија на граѓани, по повод одбележувањето на овој меѓународен ден добиваат и скромни подароци од општина Македонска Каменица
Штитениците од Дневниот центар упатија искрена благодарност за денешното дружење до своите врсници со зборовите „Силните пораки кои произлегоа од вештите раце на учениците ги стоплија нашите срца. Ви благодариме од срце“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *