Пчеларите од Македонска Каменица го одбележаа Св. Харалампиj – заштитникот на пчелите и пчеларите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонска Каменица,23.02.2024 година (kamenica.mk) –  Пчеларите од Македонска Каменица го одбележаа Св. Харалампиј – заштитник на пчелите и пчеларите. Настанот, како и секоја година се одржа пред Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица.

Како што претходно беше најавено, традиционално беа поделени садници за членовите на пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица, донација од Фондација „Рудник САСА“.
Претседателот на пчеларското здружение, Боге Јанковски во своето обраќање ги покани пчеларите по завршувањето на настанот, да се приклучат кон акцијата за засадување на садници багрем, кои и годинава ги донираше Фондацијата „Рудник САСА“. Оваа акција беше спроведена на м.в. Падарница во Македонска Каменица.

Исто така, пчеларите засадија и 100 садници јавор и јасен, донација од фирмата за хортикултурно уредување, одржување со цветно аранжирање на површини и расадник на свежо цвеќе и садници „Моја Мила Градина“ од Македонска Каменица.

Покрај претставници од Рудник САСА, од институции во локалната самоуправа и Агенцијата за поттикнување за развој на земјоделието, присутен на настанот беше и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој во поздравното обраќање кон присутните издрази задоволство од активностите на пчеларското здружение. Ја истакна добрата организираност на пчеларите, како добра основа за зголемена соработка и помош кон здружението, со цел зголемување на пласманот на каменичкиот мед, како брендиран производ на домашниот и европскиот пазар на здрава храна.

 

Текст: Горан Бразда
Фото: МедиаПоинт/Каменица.Мк

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *