Прочитајте го новиот список лектири за основно образование

Радува фактот дека сегашниот список кој подолго време се подготвуваше има зголемен број дела на домашни автори, но постојат и пропусти кои сеуште може да се надминат, смета Соња Стојменска Елзесер. Таков е случајот со „Бели мугри“ на Кочо Рацин кој е ставен во изборна лектира за деветто оделение, за што реагираше Друштвото на писатели на Македонија.

Кочо Рацин, ако некој има во македонската литература што е канон тоа е Кочо Рацин и во нормалната програма треба да биде. Не знам како лектира воопшто, ако е веќе лектира барем во задолжителна лектира.  Сакам да кажам она што е во задолжителната програма треба да биде исполнета со она што е книжевна историја, што е канон, што е докажана вредност што можеби со текот на времето им е потешко разбирливо на учениците, но мораат да го научат, тоа да биде основната програма, вели претседателската на ДПМ Соња Стојменска – Елзесер.

На ваквиот став реагираше Бирото за развој на образованието во чиј допис стои дека со оглед на возраста на учениците и нивната можност соодветно да ја разберат социјалната лирика  на Рацин се остава тоа да биде избор кој наставникот ќе го прави согласно условите.

Кочо Рацин се изучува во средно образование, во сите видови програми на средно стручно и гимназиско образование. Во програмата за основно не се изучуваат писатели, туку се изучуваат литературни родови и видови, оттаму  ставено е како избор кој ќе се користи како илустрација на социјална лирика, велат од Бирото.

Станува збор за прва голема и значајна промена што се направи по подолг период и добро е вакви промени да има на две три години , не да се чека толку долго, смета Мојсова Чепишевска. Добрите дела и класиците треба да останат, но предизвикот е и во изборноста за да го привлечете идниот читател.

Доброто е што се направи една лепеза на т. н изборни книги, значи изборни лектири и мислам дека колку е подобар тој список, односно колку е подолг тој список тоа е подобро. Затоа штро децата од различни средини, различни книги ќе одберат, истото важи и за самите наставници . Така што мислам дека во изборноста ќе се види слободата на детето и слободата на наставникот при работата. 01:46 -01:57 Ние мораме да го следиме и развојот на новото дете и неговите нови потреби, неговата возбуда е поинаква од детето пред 20 – 30 години, вели Мојсова Чепишевска.

Светската класика „Малиот принц “ на Антоан де Сент Егзипери се враќа повторно во задолжителна литература. Бројни реакции имаше за ова дело, некои родители сметаа дека децата се мали за да ја сфатат книгата. Најважно е да се измени начинот на кој се обработуваат лектирите кои треба да будат афинитет кај децата за литература, смета Соња Стојменска Елзесер.

Во литературата нема дефинитивни одговори што се бараат од децата. Децата се поттикнуваат да имаат свои толкувања на книгите што ги читаат кој нивниот личен афинитет ќе го развива, нивната лична фантазија, вели Стојменска – Елзесер.

Сепак не помалку важна е улогата на наставниот кадар кој ќе умее на еден креативен начин во образовниот систем да ја врати љубовта кон пишаниот збор и откривањето нови хоризонти во промислувањето на светот кој не опкружува.

Нина Стефанова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *