Пронајдена е жена удавена во река Брегалница

Ноќеска во Штип се случи трагичен настан, утринава во водите на река Брегалница во близина на Бања Кежовица пронајдено е безживотно тело на жена. Увид на местото на настанот околу 7 часот изврши полициска екипа, јавен обвинител и лекар патолог. Првичните резултати од истрагата покажале дека се работи за штипјанка со иницијали А.Б. на возраст од 61 година на чие тело не се пронајдени траги на насилство. Не е констатирана потреба од обдукција и телото по завршувањето на истрагата е предадено на семејството. Деталите од истрагата треба да дадат одговор дали трагичната смрт на штипјанката е несреќен случај или самоубиство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *