Продолжуваат активностите за доуредување на кејот на Каменичка Река

Македонска Каменица, 08.04.2018 година – Во склад со Програмата за работа за 2019 година на општина Македонска Каменица, продолжуваат градежните активности поврзани со уредувањето на кејот на Каменичка Река. Интензивно се работи на Регулација на речното корито, уредување на каскаден праг и доизградба на мрежата од фекална канализација, со што ќе се овозможи понатамошно доуредување на овој простор. Исто така, во изминативе денови одд страна на ЈП Камена Река е извршено повторно поврзување на прекинатата мрежа од главниот колектор на западната страна од градот.

Во изминатиот период од страна на ЈП Камена Река, исто така беше спроведен Јавен конкурс за најдобро идејно решение за уредување на парк во близина на кејот од Каменичка Река, со што овој дел на градот ќе добие сосема нов урбан лик и секако ќе биде место кое граѓаните ќе го користат за прошетки, разонода и спортски активности. – изјавуваат од општина Македонска Каменица.

Изведувач на активностите, кои со Договорот за услуги склучен во 2018 година, опфаќа изграба на Регулационен дел во должина од 125 метри и каскаден праг на Каменичка Река е „Стоименов“ ДООЕЛ од Кочани.  Вредноста на овој проектот изнесува 5 632 124 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.