Пробајте да не се наежите: 19 музичари ја изведуваат „Ода на радоста“, секој од својот дом (ВИДЕО)

Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а многумина беа трогнати од креативноста и ентузијазмот на музичарите.

Поради глобалната пандемија на коронавирусот речиси сите случувања во живо се одложени се додека земјата буквално не се поврати во живот, но многумина токму во оваа тешка ситуација пронајдоа инспирација, со која одлучија да им помогнат на другите кои се изолирани дома, односно да им го разубават денот.

Благодарение на технологијата, Ротердамскиот филхармониски оркестар ја изведе Ода на радоста од Бетовен со 19 музичари кои ја отсвиреа секој од својот дом.

Секој музичар одделно го снимил својот дел, а деловите од секој музичар потоа се вклопени во едно прекрасно видео.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а многумина беа трогнати од креативноста и ентузијазмот на музичарите.

„Ова е тоа што ни треба во моментов“, гласеше еден од коментарите.

Уживајте и вие!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *