Пријавете појава на кучиња скитници. Општина Македонска Каменица спроведе нова акција за заловување на кучиња

Македонска Каменица, 24.11.2020 година, Македонска Каменица – Во текот на вчерашниот ден, општина Македонска Каменица спроведе акција за заловување на кучиња скитници.

Служби на ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово задолжени за заловување на кучиња скитници на територијата на општина Македонска Каменица, врз основа на претходно склучен Договор за услуги, во акцијата успеаа да заловат вкупно 7 кучиња скитници. Истите во понатамошниот третман ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште, како и третирање со вакцинација и кастрација, – стои во соопштението од Општината

Во понатамошниот дел од соопштението, општина Македонска Каменица ги замолува жителите, до надлежните да пријавуваат појави на кучиња скитници, за истите да бидат навремено третирани и со тоа да се одбегнат несакани последици по здравјето и безбедноста на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *