Пријава за помлад референт вработен во Основен суд Делчево

Полицијата поднесе кривична пријава против Т.М. (51) од делчевското селоТурија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

На 31 октомври 2016 година пријавениот, вработен во Основен суд Делчево на работно место помлад референт-доставувач задолжен да врши достава на судски писма, несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности на начин што поканата за подготвително рочиште наменета за тужителот Јавна установа- Меѓуопштински центар за социјална работа  Делчево ја доставил до Јавно претпријатие „Македонски Шуми ПСШ Голак“ Делчево.

Поради тоа правното лице Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа Делчево на 7 декември 2016 година не присуствувало на подготвителното рочиште, со што го изгубил спорот, а со тоа му била нанесена штета во висина од 13.300 денари, соопштија од полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *