Пристигна ноќниот режим на „Вибер“

На 5 март „Вибер“ официјално ја пушти новата верзија на апликацијата со една значајна промена, ноќен режим, односно опција за прилагодување на изгледот на интерфејсот со темни бои. Но, оваа опција не е достапна за сите уреди. Всушност, можат да ја користат само оние кои имаат андроид-уреди и „апдејтот“ на „Вибер“ v.10.2.0. Темниот режим не е достапен за десктоп, за апликацијата за Виндоус 10, ниту пак за корисниците на епл-уреди.

За да ја добиете темната верзија на „Вибер“ треба да ја ажурирате на последната верзија, па потоа преку прилагодувањата да ја активирате рачно.

Ноќниот режим ќе ви помогне да заштедите батерија, но и полесно да комуницирате кога интензивната светлина ви пречи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *