Пристапот до Градски парк во Скопје забранет за сите, освен за оние со билет за мечот Македонија – Шпанија

НИ ПЕШАЦИ НЕМА ДА МОЖАТ ДА СЕ ПРИБЛИЖАТ ДО СТАДИОНОТ ВО СКОПЈЕ АКО НЕМААТ КАРТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈАЅвездата на Барселона Жерард Пике со топката на тренингот на шпанската репрезентација во саботата вечер на „Филип Втори“. (Фото: Ѓ. Личовски)

Ни пешаците нема да можат да се приближат кон стадионот во Градскиот парк денеска попладне во Скопје, освен ако не одат на фудбалскиот натпревар Македонија – Шпанија, соопшти полицијата.

Посебен режим за движење на возила и пешаци ќе има после 15 часот. Ограничувањето ќе важи за сите улици што водат кон Арената Филип Втори како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион.

„Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по горенаведените сообраќајници за влез кон фудбалскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат карти за гледање фудбалскиот натпревар“, се вели во соопштението на МВР.

Натпреварот почнува во 20.45 и се игра во рамките на квалификациите за Светското првенство во фудбал што ќе биде идното лето во Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.