Припадничките на понежниот пол добија подароци од градоначалникот Стаменкова

Соња Стаменкова  – градоначалник на општина Македонска Каменица, со скромен подарок им го честиташе Меѓународниот ден на жената – 8-ми Март на припадничките на понежниот пол во Македонска Каменица. Општината обезбеди цвеќиња за работничките во текстилните фабрики, за вработените во јавните установи и претпријатија, за жените-пензионери.

„Денес им посветуваме внимание на припадничките на понежниот пол и со скромен подарок го одбележуваме денот кој е симбол на борбата на жените за економска, социјална и политичка рамноправност за мажите. Во наредниот период уште посилно ќе се залагаме за поголема инклузивност на жените во сите општествени сфери. Денешниот празник-Меѓународниот ден на жената ни е само потсетник дека борбата за родова еднаквост мора да продолжи и дека треба да трае се до потполна рамноправност помеѓу мажите и жените“ – изјави Соња Стаменкова-градоначалник на Македонска Каменица.

Инаку, 8-ми Март е државен празник во неколку светски земји, а во Република Македонија иако се празнува Меѓународниот ден на жената, овој празник има само симболичен статус и нема политички конотации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *