Приказни во приказните

Драги пријатели. не случајно овој албум го нарековме “Приказни во приказните”. Оние ликови што секое утро ги гледавме, со кои се
градевме како личности, ликови кои
одбележаа едно време, време на една генерација Македонци. Хероите од нашето детство. Да оние незаменливите, со сите свои посебности и мани што ги правеше посебни и кои влегоја во историјата на Македонското глумиште. Во Македонските народни приказни почнувајќи од далечната 1984 година па се до блиската 2003 година, продефилира една плеада на искусни актери, кои беа како едно големо НЕРАЗДЕЛНО СЕМЕЈСТВО. Токму со овој албум ќе ви ги претставиме сите оние членови на “СЕМЕЈСТВОТО” кои ги направија приказните тоа што се, да ги струшат сите граници на гледаност во Македонија, се до ден денешен! Денес ви ги претставуваме главните јунаци на приказните: Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски. Неслучајно ги одбравме токму овиее фотографии од актерите каде што беа во сјајот на кариерата, каде што твореа со преголема харизма и љубов кон тоа што го прават. ЛИКОВИ КОИ СОЗДАДОЈА ПРИКАЗНИ ЗА СЕБЕ ВО ПРИКАЗНИТЕ ВО КОИ ИГРАА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *