Акцијата на бугарската полиција е по истрага на Европското јавно обвинителство. (Фото: СДК.МК)
Бугарската полиција вечерва го приведе поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, објавија тамошните медиуми. Покрај него, приведени се неговата ПР советничка Севдалина Арнаудова, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната пратеничка Менда Стојанова.
Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител е независно тело, формирано од Европската унија да истражува злоупотреби на европските фондови.