На 17.11.2023 во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.В.(49) од Кочани, поради сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување огнено оружје“ по член 396-а од Кривичниот законик. Полициски службеници кај него пронашле и одзеле два пиштола калибар 7,62 мм без фабрички број, односно им биле избришани ознаките.
