Претепан сопственикот на „Буревесник“, Зоран Божиновски
Кај Божиновски била констатирана скршеница на носот и други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде што му е укажана лекарска помош и утрово бил пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница
Сопственикот на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, вчера вечер бил претепан од две непознати лица пред неговиот дом во Битола, пренесуваат медиумите.

Тој, како што потврдила неговата сопруга за „Плусинфо“ која и самата била со него за време на нападот, со повреди бил пренесен во битолската болница.
Кај Божиновски била констатирана скршеница на носот и други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде што му е укажана лекарска помош и утрово бил пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница.
Информацијата и фотографиите од претепувањето на сопственикот на „Буревесник“ прв ја соопшти Љупчо Палевски на својот фејсбук-профил.