Премиера на тинејџерскиот трилер “Смената” во Домот на културата

Премиерно прикажување на тинејџерскиот трилер „Смената“ во Домот на култура во Македонска Каменица.
Почеток на премиерата во 18:00 часот. Вторник, 29.11.2022 година. Влез 70 денари.

Повеќе за филмот на следниов линк и во текстот подолу:
Италијанско-белгиската трилер драма „Смената“ во режија на Алесандро Тонда
трејлер од филмот:
https://www.youtube.com/watch?v=MkZhJY9cWzI
Кратка содржина:
Брисел. Еден и Абдел, две 17-годишни момчиња, упаѓаат во нивното училиште за да извршат самоубиствен терористички напад, но Абдел се разнесува пред предвиденото време, повредувајќи го Еден во експлозијата. Изабел и Адамо, двајца болничари пристигнуваат на
местото на настанот и го наоѓаат Еден повреден и онесвестен. Го внесуваат во амбулантното возило, не знаејќи дека тој е еден од терористите. На пат кон болница, тие сфаќаат дека Еден носи појас со експлозив, но веќе е доцна: Еден одеднаш се буди! И покрај повредите, младиот човек ги држи како заложници заканувајќи им се дека ќе ја активира бомбата и му наредува на Адамо да продолжи да вози.
Дистрибутер на филмот е КТ Филм и Медиа од Битола, а дистрибуцијата е поддржана од Италијанската национална асоцијација на аудиовизуелни индустрии АНИКА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *