Превртено возило го прекина сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Поради сообраќајна незгода на патот Македонска Каменица – Делчево кај село Очипала сообраќајот е во прекин. Товарно возило од засега непознати причини се превртело и го блокира сообраќајот. Возачи јавуваат дека станува збор за возило на Штипска млекара.
 
-Овде сме од 10 часот, патуваме за М.Каменица и наидовме на блокиран пат. Комби превретно стои на патот и се чека да заврши полицискиот извештај. не ја знаеме причината освен што се гледа дека е мало товарно возило на Штипска Млекара, велат очевидци.
 
Од полицијата во Делчево детали најавуваат во текот на денешниот ден. Според првични информации од Здравствен дом „Гоце Делчев“ нема повредени лица во несреќата.

Следете не на Instagram и Facebook, или да бидете наш subscriber на Youtube.

Leave a Reply

Your email address will not be published.