Преадаптирај ја старата селска куќа во туристички апартман и добиј субвенции од државата

Државата ќе дава субвенции за домаќинставата кои селските куќи ќе ги претворат во туристички апартмани.

Аплицирањето за мерката ќе почне месецов и ќе биде по принципот прв дојден прв услужен.

Газдите ќе добијат назад 60% од трошоците за оваа намена, под услов тоа да не е повеќе од 3 000 евра по домаќинство. Објектот мора да биде уреден согласно традицијата  на крајот во кој што се наоѓа, како и да се служи храна вообичаена за тоа подрачје.

Целта на мерката е да се подобри туристичката понуда и да се  развие руралниот туризам.

Оние кои аплицираат ќе треба да докажат дека инвестирале за оваа намена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *