Прво место за Дарио Атанасовски и Зорица Караѓозова на државниот натпревар по географија

Македонска Каменица, 20. Април 2018 година – Денес, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се оддржаа државните натпревари по Географија за учениците од основните училишта. На годинашниве натпревари под менторство на наставниците Мирјана Стојкова и Данка Стаменковска, учениците при ООУ “Св. Кирил и Методиј” од Македонска Каменица, постигнаа одлични резултати.

Две први места, со освоени максимални 100 поени, од денешниот државен натпревар по Географија во школските витрини на ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица, донесоа Дарио Атанасовски и Зорица Караѓозова. Останатите ученици добија пофалници и благодарница за учеството во државниот натпревар по географија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *