По лекови со лична карта или пасош

Сепак, ќе треба лична карта или пасош при подигнувањето на лекови на рецепт од патеките. Ова го соопшти  Фондот за здравствено осигурување, кој најави дека новината стартува од први Октомври.

До тој период, на сила се постоечките позитивни прописи, со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на +осигуреното лице (лична карта или пасош) при користење на здравствени услуги на товар на Фондот, односно до 1 октомври 2019 година, соопшто ФЗОМ.

Лекарите оваа новина ја дочекаа со чудење со став дека наместо да се оди чекор напред кон електронско работење, се враќа стариот систем. Повеќе не се во употреба ниту електронските картички, туку се вратија здравствени книшки и картони.  И покрај тоа  што актуелната власт веќе две години најавува дигитализација во здравството, од тој проект засега нема ништо.

Од Фондот за здравствено осигурување најавуваат, како што стои во денешното соопштение, дека во тек е „имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни администативното работење на здравствените установи при пропишување и издавање на лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица“.

Останува нејасно дали  што ќе  значи треба документ за идентификација, односно дали се остварува најавата на министерот за здравство Венко Филипче од летото, дека по лекови ќе се оди само лично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *