Почна изградбата на новата водоводна линија во село Моштица (Павлиш Дол)

Македонска Каменица, 13.04.2021 година – Во рамки на своите работни обврски, градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова денеска изврши увид во градежните работи за изградбата на водоводот во Павлиш Дол, село Моштица.

Се работи за изградба на нова водоводна линија од 2400 метри и изградба на резервоар за трајно решавање на снабдувањето со вода на над 150 домаќинства од овој дел на Општината, – истакна градоначланичката Стаменкова
Изведувач на градежните работи од оваа активност е „Цвет Компани“ ДООЕЛ Скопје и истата ќе чини 10.148.000,00 денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *