Почина 27-годишната родилка од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19.

Таа на 30-ти март беше примена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје каде роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.

Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31-ви март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *