Почина Драган Вучиќ

Драган Вучиќ,  пејач и телевизиски водител починал утрово на Инфективната клиника во Скопје. Причината за смртта биле компликации од коронавирусот.

Композиторот Љупчо Мирковски на својот Фејсбук профил објави проштални зборови за својот пријател. „За жал, ја изгуби битката. Почивај во мир другарче мое”.

Роден во Скопје во 1955, Вучиќ е автор на  популарни поп песни како „Свирете ја ‘Зајди, зајди’“, „Ангели ме носат“, „Заминува, никому ноќва не кажува“, „Кажи ѕвездо“, а беше автор и на евровизиската песна „Make My Day“, на неговиот син Мартин Вучиќ во 2005. Во 1990-те беше пејач на групата „Кода“.

Неговата сопруга Весна е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасоски, а син му Мартин е пејач и директор на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *