ПОТСЕТУВАЊЕ: ХУМАНИТАРНИОТ КОНЦЕРТ „СИНО НЕБО“ ОД ФОНДАЦИЈА „ИЦЕ БЕГОВ“ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 28. ЈУЛИ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ И СОГРАЃАНИ: НА 28. ЈУЛИ СЕ ОДРЖУВА ХУМАНИТАРНИОТ  КОНЦЕРТ “НЕБО СИНО” ОРГАНИЗИРАН ОД ФОНДАЦИЈАТА „ИЦЕ БЕГОВ“ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Македонска Каменица, 26.07.2022 година – Фондацијата Ице Бегов – Скопје, организира хуманитарен концерт под наслов”НЕБО СИНО”. Настан кој во Домот на Култура во Македонска Каменица, ќе се одржи на 28. Јули 2022 година, со почеток од 19 часот.

На хуманитарниот концерт, свое учество ќе земат повеќе роднокрајни пеачи, фолклористи, децата штитеници во Дневниот Центар за посебни потреби, како и реномираниот Риплеј Бенд.

Хуманитарниот концерт насловен “НЕБО СИНО” се организира со цел донираните средства да бидат наменети за набавка на неопходна опрема за сензорна соба во Дневниот Центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.
Сите заинтересирани физички лица кои сакаат да донираат тоа можат да го сторат за време на хуманитарниот концерт каде што ќе бидат поставени штандови за донации, но и на следната трансакциска сметка:210075797990140 НЛБ Банка.

Правните лица кои сакаат да донираат да се обратат на директорот на фондацијата Елена Бегова 075-442-970

Хуманитарниот концерт е подржан од КИЦ”Романса”и Општина Македонска Каменица.

Ќе ни биде задоволство доколку Вие со вашето присуство допринесете за децата и младите од Домот за Лица со посебни потреби да се почуствуваат среќно.

Со почит,
Фондација ИЦЕ БЕГОВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *