Поставена нова фекална канализација во село Моштица (Павлиш дол)

16. Јануари 2018 каменица.мк

Вработените во ЈП ,,Камена Река” оваа недела работеа на поставувањето на нова фекална канализација во село Моштица 1 (Павлиш дол). Во работната акцијата вчера и денес беше ископан ров во должина од 86 метри и во истиот беа поставени цевки за одвод. Активностите за поставување на нова фекална канализација во должина од 160 метри ке продолжат и во текот на наредните денови и ќе бидат опфатени околу 10 домаќинства.
Ова е уште една потврда дека ЈП „Камена Река“ е јавен сервис, кој се грижи за потребите на граѓаните и во руралните средини од општината. Ваквата пракса ќе продолжи во иднина и во останатите населени селски (рурални) средини, согласно барањата на жителите на истите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *