Македонска Каменица, 04.06.2021 година – Покрај интензивните градежни работи за реконструкција на трибинскиот дел од Градскиот стадион во Македонска Каменица, од Општината изјавуваат дека ќе продолжат градежните работи за спроведување на Договорот за бетонски работи и партерно уредување.
“Општина Македонска Каменица преку спроведувањето на Договорот за бетонски работи и партерно уредување, покрај реконструкцијата на трибинскиот дел од Градскиот стадион и уредувањето на повеќе пристапни патеки, тротоари и останати јавни површини, започна со поставување и на урбана опрема на повеќе локации во градската средина”, – стои во соопштението за јавност објавено на официјалниот фејсбук профил на општина Македонска Каменица
Во продолжението од соопштението се вели: “Денес беа поставени нови клупи и канти за отпадоци во Паркот на рударите. Во текот на наредните денови ќе бидат поставени дополнителен број на клупи и канти за отпадоци долж главната градска улица и на просторите пред институциите во градот”.