Последен ден за пријавување на годишни даночни пријави во УЈП

Истекува рокот за поднесување годишни даночнни пријави до УЈП

Македонска Каменица, 15 март 2018 (каменица.мк) – Денеска е последниот ден кога гаѓаните може до Управата за јавни приходи да поднесат годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи во изминатата 2017 година. се очекува да бидат поднесени над 400.000 годишни даночни пријави.

Последните податоци на УЈП покажуваат дека се поднесени вкупно 334.360 пријави. Во текот на вчерашниот и денешниот ден во УЈП се очекуваат да бидат поднесени околу 100 илјади.

Најмногу или 125.165 пријави се поднесени во Скопје, во Битола 46.400, Тетово 28.621, Струмица 29.982, Прилеп 45.652 и Штип 58.540 годишни даночни пријави.

Пријавите освен на шалтерите може да се поднесат електронски и да се испратат по пошта.

Виолета Ставрова од УЈП изјави декја задолжително треба даподнесат ГДП сите оние кои покрај платата и пензијата оствариле и друг вид приход, под сите оние граѓани кои издаваат под закуп стан, деловен простор, сите оние граѓани кои работеле по основ на договор на дело, кои оствариле приходи од авторски права, дивиденда, капитални добивки од продажба на удел и недвижен имот, добивка од општите игри на среќа во износ поголем од 5.000 денарии, како и оние лица кои работат во амбасадите и конуларните претставништва во РМ.

– Со цел избегнување на метежите, особено во Регионалната дирекција Скопје, апелираме граѓаните да ги поднесуваат пријавите и на шалтерите на УЈП кои се отворени за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром и Мобилниот даночен шалтер во Драчево што ќе биде стациониран на 15 март пред месната заедница во периодот од 10.00 до 14.00 часот, рече Виолета Ставрова.

За ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и нецелосно пријавени приходи Законот предвидува глоба од 100 до 200 евра, во денарска противвредност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *