Со единствена точка на Дневен ред кој вклучи информации и превентивни мерки за спречување на појавата и заштита од коронавирусот, денес се одржа Регионален кризен штаб за општините Македонска Каменица и Делчево информација и препораки за преземање превентивни мерки за спречување на појавата и заштита од ширење на заразата од коронавирусот.
На состанокот на РКШ беше споделена информациј од надлежните полициски служби, дека полицијата контролира 33 лица во Делчево кои се во самоизолација, а во Македонска Каменица нивниот број изнесува 14.
За непочитување на препораките од Владата, полицијата подготвува две кривични пријави за две лица од Делчево.
Капацитетите на медицинскиот персонал се во добра кондиција, а за евентуалната потреба за транспорт на пациенти болни од коронавирус, ќе биде ставено на располагање едно болничко комбе, на кое ќе се врши редовна дезинфекција.