ПОЖАРОТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЛОКАЛИЗИРАН И СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА

Со надчовечки напори и целовечерна борба со огнената стихија пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица успеаа да го локализираат и стават под целосна контрола вчера избувнатиот пожар во близина на градот. Остануваат на терен до негово целосно гасење и нормализирање на состојбата. Помогнати беа од сите ТППЕ во околните градови( Делчево, Кочани, Штип, Виница), Шумска полиција, Ловно друштво од Каменица, вработени во ЈП Камена Река, одреден број на доброволци и локално месно население, како и неколку противпожарни авиони од ЦУК.

Причините за пожарот се истражуваат. Истражните органи се на терен.

Причинета е огромната материјална штета. Изгорени се десетици хектари борова и дабова шума.

Во текот на денешниот ден ќе се обидеме повторно да стапиме во контакт со командирот на ТППЕ Македонска Каменица за подетални информации во врска со акцијата за гаснење на пожарот.

Повикот за доброволно пријавување на граѓаните упатен во повеќе наврати, во текот на вчерашниот ден од страна на пожарникарите во градот, вроди со плод и на истиот се одзваа и приклучија на акцијата доволен број на месно население кои несебично ја дадоа својата помош од раните утрински часови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *