ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НОВАТА МАГИЈА НА ЛУКА ДОНЧИЌ (ВИДЕО)

Нова магија од Дончиќ, навивачите скандираа МВП, МВП… (ВИДЕО)

Нова магична претстава на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ и 11-та победа на Далас Маверикс во тековната сезона од НБА лигата. Синоќа во дербито на денот, кошаркарите на Далас одиграа импресивен шутерски меч на гостувањето кај Хјустон и однесоа убедлива гостинска победа од 137:123.

Дончиќ и компанија обезбедија и петта последователна победа која ги искачи на 4. место во Западната конференција, додека „ракетите“ го претрпеа и шестиот пораз.

Словенечкиот ас средбата ја заврши со 41 поен, додаде 10 асистенции и реализираше шест скока, а од друга страна, првиот стрелец на лигата, Џејмс Харден, постигна само 32 поени со исклучително лоша статистика на реализирани поени.

Во градското дерби меѓу Њујорк и Бруклин победата им припадна на Нетс кои славеа минимално со 103:101, а фантастичната победничка низа ја продолжија и кошаркарите на ЛА Клиперс, кои утрово пред своја публика славеа над Њу Орлеанс со убедливи 134:109. Харел беше прв стрелец со 34 поени, додака Ленард заврши со 26 поени за победниците.

РЕЗУЛТАТИ:

Хјустон – Далас 123:137

Њујорк – Бруклин 101:103

Вашингтон – Сакраменто 106:113

Денфер – Феникс 116:104

ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 134:109

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *