Погледнете што ќе се случи ако запалите 10000 петарди одеднаш (Видео)

Нема некој што не запалил најмалку една петарда во периодот околу новогодишните празници. Но, замислете како би било кога би запалиле, ни помалку, ни повеќе, десет илјади петарди одеднаш. Тоа што може да се добие како резултат од тој експеримент делува и прилично опасно, особено ако се решите да го направите во затворена просторија.

Сепак, за да се избегне опасноста, експериментот е направен на отворено, но целата подготовка се одвиваше неколку дена. Петардите, една по една беа наредени една врз друга, така што на крај се доби експлозивна композиција долга над пет метри. Исклучително е досетлив начинот за нивно палење, кое беше изведено со барут.

Колку и да изгледа сето ова примамливо, потрудете се да одолеете и да не го повторите зашто може да биде многу опасно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *