Повторен вандализам врз детската градинка “Бамби” – видни оштетеувања врз објектот и урбаната опрема

 

Македонска Каменица, 30.09.2021 година – Зачестени вандалски дејствија во кругот на детската градинка “Бамби” во Македонска Каменица. Оштетени се оградата, поставената урбана опрема, дел од надворешната столарија и фасадните делови на објектот.

Од детската градина упатуваат апел за воздржаност од ваквите дејства, кој ви го пренесуваме во целост:

Сечиј имот треба да се чува како свој, особено објектите и други средства и инсталации на јавните и други Установи, бидејќи се тие општо добро и им служат на граѓаните. Она што се има случено во ЈОУДГ БАМБИ пред неколку денови, кога е оштетена и откорнати оградата на дворното место, оштетено детското игралиште, оштетени врати и прозорци, надворешни ролетни, оштетен оџакот за парно греење, претставува недозволен чин и апелираме во иднина да не се случува. Ги замолуваме сторителите на ова гнасно дело во иднина, да се воздржуваат од вакви и слични моменти на изливање на својот гнев, врз јавни објекти во конкретниот случај да ја поштедат детската градинка од дејствија, од чија глетка се вознемируваат најповеќе дечињата кои својот мир и спокој го наоѓаат во ова катче, додека нивните родители се на работните места за да обезбедат егзистенција за своите семејства.

 

Во прилог неколку фотографии од оштетените делови како резултат на наведените вандалски дејства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *