Повредени седум лица во сообраќајка на три возила на патот Делчево – Штип

Повредени седум лица во сообраќајка на три возила на патот Делчево – Штип

Три возила учествувале во сообраќајна незгода што се случила изутрината (26.05.2020) во 06.10 часот на магистралниот пат Делчево – Штип кај место викано Прима се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.К.(52) од Скопје, во кое се превезувала една сопатничка, патничко моторно возило „спарк“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.С.(54) со четири сопанички во возилото сите од Скопје и патничко моторно возило „фиат браво“ со винички регистарски ознаки управувано од Д.А.(28) од Виница, со една сопатничка во возилото. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „Рено Меган“ и сопатничката во патничкото возило „фиат браво“, додека со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „спарк“ и четирите сопатнички во возилото и возачот на возилото  „фиат браво“, констатирани во Општата болница Кочани. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани, соопшти СВР Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *