Повик до членовите ловци од ЛД “М.Каменица – Саса” за учество на редовна хајка на дивеч во недела

Повик до членовите ловци од ЛД “М.Каменица – Саса” за учество на редовна хајка на дивеч во недела

Во недела, на 17. Март 2024 година, ЛД ,,М.КАМЕНИЦА-САСА” од Македонска Каменица организира редовна хајка на дивеч без заштита која, со претходен договор и барање на ловците ќе се одржи кај Паламарско маало, во село Тодоровци.

– Зборно место ќе биде пред селската продавница “Кај Ѓако” во 06:30 часот. Ловењето на полезен дивеч, како и ловење на друга локација на ловиштето е строго забрането. Дозволата за лов е задолжителна, истата на сите ловци учесници ќе им биде издадена на самото зборно место, – се вели во соопштението од ЛД “М. Каменица – Саса” од Македонска Каменица

Од Ловното друштво, упатуваат молба до заинтересираните членови ловци зс учество да се пријават кај ловочуварот, Игор Jангеловски.

После 11.00 часот предвидена е дружба на манастирот во Јазова чука каде ќе биде послужено традиционално “војничко гравче”.

Строго придружување кон правилата за безбеден лов, како носење на флуоресцентен елек, пукање само на чиста мета, проверка на исправноста на оружјето и негово безбедно носење, се дел од останатите предупредувања кон учесниците на настанот во недела.
Ловечки поздрав!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *