Победа на ФК Каменица САСА против ФК Победа од Прилеп

Македонска Каменица, 17.04.2021 година – Денеска на Градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра натпревар од 23. Коло на Втората македонска фудбалска лига – Исток. Екипата на ФК Каменица САСА ја пречека осмопласираната екипа на ФК Победа од Прилеп.

Поради врнежите од дожд, натпреварот се одигра на влажен терен и делумно неповолни услови за игра. Резултатот го отворија домаќините во 25 минута од натпреварот со голот на Сашко Дуков. Иницијативата во играта и доминацијата на теренот во текот на целиот натпревар беше на страната на ФК Каменица САСА. Гостите не успеаа да реализираат пенал во 60 минута, кога домашниот голман Благојче Иванов успеа да го скроти ударот од 11 метри.

Сепак, гостите искористија една од шансите и во 85 минута успеаа да го израмнат резултатот.

Во самиот финиш, следевме драматична завршница кога ФК Каменица Саса постигна преку асистенцијата на младиот и талентиран фудбалер од Македонска Каменица, Лазар Стојановски кој влезе во игра во 69 минута од натпреварот. Стрелец на голот беше Филип Димоски.

ФК Каменица САСА се наоѓа на 5. Место на табелата со 31 бод, 4 помалку од Кожув и 2 бода предност над Осогово. Екипата на Победа со денешниот пораз останува на дното на табелата со 17 бодови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *