Пијте кафе, нема да стареете и ќе бидете здрави како дрен!

Нова студија објавена во журналот Nature Medicine вели дека постарите луѓе со ниски нивоа на воспаленија (кои се причина за повеќето болести) имаат нешто заедничко – сите тие консумирале кафе.

Дејвид Фурман од Институтот за имунитет, трансплантација и инфекции од Стенфорд универзитетот, кој е и автор на студијата, вели дека колку повеќе кофеин луѓето внесувале, толку биле позаштитени од хроничните состојби на воспаленијата.

За потребите на студијата, Фурман и неговиот тим анализирале примероци крв од 100 стари и млади луѓе. Постарата група, во споредба со помладата, имала повеќе активност во неколку гени поврзани со разни воспалувања – хроничните болести кои доаѓаат со стареењето како дијабетесот, хипертензијата, проблемите со срцето, канцерот, пореметувања на зглобовите, и Алцхајмеровата болест, како заеднички причинител ги имаат токму воспаленијата. Колку овие гени се поактивни, толку повеќе таа личност има шанси за зголемен крвен притисок или артериосклероза (болест на крвни садови). 

Кај постарата група која имала пониски нивоа од овие фактори и била повеќе заштитена против воспалувањата, заедничко било тоа што сите редовно внесувале кофеин во себе. Оние кои пиеле повеќе од 5 шолји кафе дневно покажале екстремно ниски нивоа на активност на инфламанторните гени – причината за тоа е што кофеинот ги инхибира нивните кола, и буквално ги „исклучува“.

Целта не е да се елиминираат сите гени од овој тип, бидејќи воспаленијата се важна функција на имунолошкиот систем кој ги користи да се бори против инфекции и да отстранува потенцијално токсични состојки, туку да се одреди кога тие почнуваат да излегуваат од контрола.

Во наредната студија, Фурман и тимот ќе ги истражуваат имунолошките системи на 1000 луѓе, надевајќи се дека ќе развијат референтна листа од компонентите на системот кои на луѓето ќе им укажат дали нивните нивоа се нормални, или се под ризик за развивање на некоја хронична состојба поврзана со воспаление.

Во меѓувреме, пиење на една до две шолји кафе дневно не е толку лоша идеја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *