Министерството за животна средина и просторно планирање ја прогласи за природна реткост Киселичка Пештера, лоцирана во близина на делчевското село Киселица.
Пештерата е од класата таканаречени суви пештери. Изобилува со сталагмити и сталактити, но е и дом на доста лилјаци, птици, инсекти. Според обликот и карактеристиките, оваа пештера во геолошка смисла е доста „млада“, не постара од 20-40 илјади години.