Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб повторно во националниот дрес на Македонија

Лестер Бо Мекелеб

 

 

Тренерот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков го објави списокот од 24 кошаркари, кои ќе бидат дел од претквалификациските натпревари против Естонија и Косово.

Изненадување беше додавањето на списокот на Перо Антиќ, поранешниот капитен на репрезентацијата, и Лестeр Бо Мекејлеб, кој одново ќе го облече националниот дрес на Македонија. Првиот собир на Давитков и неговите избраници ќе биде утре во 19.00 часот во „ВИП арената“ на СЦ „Борис Трајковски“.

Подготовките во Скопје ќе траат до 3 јули, кога сите репрезентативи ќе отпатуваат во Маврово, за повторно да се вратат во главниот град на 8 јули.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПРИЈАВЕНИ ВО ФИБА: 

1. Војдан Стојановски
2. Горјан Марковски
3. Бојан Трајковски
4. Александар Костоски
5. Марко Симоновски
6. Кирил Николовски
7. Бојан Крстевски
8. Марјан Јанески
9. Перо Антиќ
10. Стојан Ѓуроски
11. Игор Пенов
12. Владимир Брчков
13. Ненад Димитријевиќ
14. Бобан Стајиќ
15. Љубомир Младеновски
16. Кристијан Николов
17. Адем Мекиќ
18. Александар Штерјов
19. Предраг Пајиќ
20. Андреј Маслинко
21. Ѓорѓи Чековски
22. Михајло Митев
23. Џордан Теодор
24. Лестер Бо Мекејлеб

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *