Паѓаат цените на становите во Скопје

Продолжува трендот на намалување на цената на становите во Скопје. Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во најновиот Квартален извештај предупредува на засилена динамика на падот на вредноста на овие недвижности во главниот град.

Индексот на цената на становите на годишна основа е опаднат за цели 7% во првиот квартал од 2017 година. Од НБРМ сметаат дека ваквите придвижувања се резултат на надолното приспособување на цените на становите во целата земја, а не само во главниот град.

Од централната банка очекуваат дека ќе забави изградбата на нови станбени објекти во Скопје, со што би се стабилизирала цената на становите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.